Често поставувани прашања Зошто користите италијански материјали?
Share
Често Поставувани Прашања За Нашите Материјали Произведени Во Италија
Зошто користите материјали произведени во Италија?
Нашите материјали ги набавуваме од италијански производители на материјали, со оглед дека се познати за нивниот врвен квалитет, стручност и посветеност кон одржливо производство. Текстилното наследство на Италија се протега низ векови, комбинирајќи традиционални техники со иновативни еколошки пракси.
Што ги прави италијанските материјали поодржливи?
Италијанските производители на текстил се придржуваат на строги регулативи за заштита на животната средина на ЕУ, што се меѓу најстрогите во светото. Многу од нашите добавувачи користат OEKO-TEX® сертифицирани материјали, применуваат процеси за боење со заштеда на вода и користат обновливи извори на енергија во нивните погони. Краткиот пат од Италија до Хрватска исто така го намалува нашиот карбонски отисок.
Каков е квалитетот во споредба со други материјали?
Италијанските материјали се пичитувани заради нивниот супериорен финиш, издржливост и задржување на боја. Висококвалитетните влакна ја задржуваат својата форма и еластицитет дури и по повторливо носење и изложување на сонце, солена вода и хлор - суштински за луксузен бренд за костими за капење што траат повеќе сезони.
Дали вашите италијански материјали се сертифицирани?
Да, претпочитаме материјали со признаени сертификати како OEKO-TEX® стандардот 100, што гарантира дека се без штетни компоненти, и GRS (Global Recycled Standard) за нашите модели од рециклиран материјал. Овие сертификати гарантираат безбедност и еколошка одговорност.
Дали користите рециклирани материјали?
Многу од нашите италијански материјали користат ECONYL® регенериран најлон, изработен од рециклиани рибарски мрежи и друг отпад од најлон. Овој иновативен материјал нуди ист премиум квалитет и карактеристики како некористен најлон, но затоа помага да ги чуваме нашите океани чисти.
Како италијанските материјали поддржуваат локални економии?
Со набавувањето од Италија ги подржуваме европските бизниси и фер односи со вработени. Италијанските работници во текстилниот сектор добиваат фер плати и работат под безбедни услови, гарантирајќи етичко производство од почеток до крај.
Што е со чувањето и долговечноста на материјалите?
Италијанските материјали се изработени за долговечност. Со правилно чување - плакнење по користење, перење на рака, и сушење на воздух - вашето PARAΪMA парче ќе ја задржи својата убавина со години, намалувајќи ја потребата за честа замена и со тоа минимизирајќи го ефектот врз животната средина.
Како може да дознаам повеќе за вашата пракса за одржливост?
Посветени сме на транспарентност. Контактирајте не директно преку мејл на hello@paranema.com за подетални информации за специфичен состав на материјалите, сертификати, и нашите тековни иницијативи за одржливост.